Упатство

Инсталација на nsOxygenOS, чекор по чекор

nsOxygenOS е нашиот систем за каси: се инсталира од USB-меморија, без Windows, и по вклучувањето компјутерот оди право во касата. Инсталацијата трае околу 20 минути.

Инсталацијата го брише целиот диск на компјутерот. Пред да почнете, тргнете од него сè што ви треба.

1. Пред да почнете

  1. Компјутер што ќе стане каса: 64-битен процесор, 4 GB меморија, диск од 32 GB или поголем (препорачано SSD).
  2. USB-меморија од најмалку 4 GB. Сè што е на неа ќе биде избришано.
  3. Интернет за време на инсталацијата: кабел (најлесно) или безжична мрежа со лозинката.
  4. Сликата nsOxygenOS: nsOxygenOS_1.2.9_amd64.iso (2,9 GB).

2. USB-меморија со nsOxygenOS

Ова се прави еднаш, на кој било компјутер со Windows. Истата USB-меморија потоа служи за сите каси.

  1. Преземете ја бесплатната програма Rufus од rufus.ie и отворете ја.
  2. Под Device изберете ја USB-меморијата, под Boot selection сликата nsOxygenOS_….iso, па START. Ако праша за начин на запишување, изберете DD Image.
    [СЛИКА 1: Rufus со избрана USB-меморија и сликата nsOxygenOS, пред START]
  3. Кога ќе заврши (неколку минути), извадете ја USB-меморијата.

3. Подигнување од USB-меморијата

  1. Ставете ја USB-меморијата во компјутерот што ќе биде каса и вклучете го.
  2. Веднаш притискајте го копчето за избор на уред за подигнување: најчесто F12, F11, F8 или Esc, зависно од производителот. Изберете ја USB-меморијата.
    [СЛИКА 2: мени за избор на уред за подигнување (Boot Menu) со USB-меморијата — фотографија од екранот]
  3. Се појавува менито на nsOxygenOS со три можности:
    • Инсталирај nsOxygenOS (го брише дискот): инсталацијата, чекор 4.
    • Пробај nsOxygen (без инсталирање): касата работи од USB-меморијата, за да ја видите; ништо не се запишува на компјутерот.
    • Почни од дискот (не инсталирај): компјутерот продолжува како досега.
    Менито на nsOxygenOS со трите можности

4. Инсталација

Инсталаторот има четири чекори. „Назад“ работи сè до „Инсталирај“; дотогаш ништо не се брише.

  1. Инсталирај nsOxygenOS. Кога ќе пише „Сè е подготвено.“, притиснете Почни. Инсталирај nsOxygenOS: Сè е подготвено
  2. Диск. Изберете го дискот на кој ќе се инсталира nsOxygenOS, па Понатаму. Инсталација: Диск
  3. Да се избрише дискот? Проверете го името и големината на дискот. Да, избриши го продолжува; Не, врати се е за друг диск. Инсталација: Да се избрише дискот?
  4. Мрежа. Со кабел пишува „Поврзано“ и продолжувате со Понатаму. За безжична мрежа допрете ја мрежата, внесете ја лозинката и Поврзи. Инсталација: Мрежа
  5. Име и сервисна лозинка. Името на касата е нејзиното име на мрежата, на пример kasa-1 или bar (латински букви, бројки и цртичка); ако имате повеќе каси, дајте ѝ на секоја свое име. Сервисната лозинка: со неа техничар влегува во системот на касата (сметката „servis“), најмалку 8 знаци. Ако ја оставите празна, системот сам смислува лозинка само за таа каса. Тука е и изборот дали Наносторм Македонија смее да се поврзе за поддршка и кога никој не е на касата. Проверете го уште еднаш дискот што ќе се избрише, па Инсталирај. Инсталација: Име и сервисна лозинка
  6. Инсталацијата трае околу 15–20 минути и не бара ништо од вас. Инсталација: напредок
  7. Готово — извадете го USB-то. Извадете ја USB-меморијата и притиснете Рестартирај. Готово — извадете го USB-то

5. Првото вклучување

  1. Компјутерот се вклучува со знакот на nsOxygen и оди право во касата. nsOxygenOS при вклучување
  2. Прифатете ги условите за користење: штиклирајте „Ги прочитав и ги прифаќам условите за користење“ и Се согласувам. Условите за користење при првото вклучување
  3. Потоа водичот „Поставување на касата“ е ист како на Windows: верзија, ресторан или продавница, фискален апарат, печатач, корисници, артикли. Чекорите со слики се во упатството за поставување.
  4. Фискалниот апарат на USB-адаптер Linux го препознава сам, без драјвер. Во водичот изберете Најди порта, па Провери го фискалниот апарат.

Ако нешто не оди

Цената на nsOxygen не вклучува доаѓање во објектот, инсталација на лице место ниту обука. Ако ви треба, побарајте понуда; цената за инсталација и обука на лице место зависи од местото и патните трошоци.